Search

Грабеж во казино во Скопје – почнале да пукаат со автоматски пушки, па избегале

Грабеж во казино во Скопје – почнале да пукаат со автоматски пушки, па избегале

Вооружен грабеж се случил синоќа во казиното „Астра“ во Скопје на булварот „Партизански одреди“.

Како што пишуваат медиумите, нападот се случил синоќа во 22 часот кога две вооружени лица, облечени во бело и фантомки на главата, влегле во казиното и испукале два куршуми со автоматски пушки „калашников“.

Откако ги земале парите, влегле во возило кое ги чекало пред објектот и заминале во непознат правец.

МВР работи на расчистување на случајот, а повеќе информации се очекуваат подоцна.

Треба да знаете
Последни објави