Search

Гори станбена зграда во Тетово, нема повредени

Гори станбена зграда во Тетово, нема повредени

Пожарот кој избувна околу 16 часот и 30 минути во станбена зграда на улицата „Илинденска“ во Тетово се уште не е изгаснат.

Избувнал во кровот на зградата, а пожарникарите имат тешкотии со неговото гаснење. Повредени нема зашто станарите навреме ги напуштиле своите домови веднаш по појавувањето на чадот.

Пожарникарите ги скршија стаклата на прозорците за полесно да излезе чадот, но гаснењето оди многу тешко поради немањето скали за висококатница, како и поради тоа што пуканло цревото за вода за време на гаснење на пожарот.

Станарите не знаат кои се причините за пожарот. Еден од нив, како што изјави, се сомнева на струјата во моторот на лифтот зашто оттаму првично почнало да чади.

Треба да знаете
Последни објави