Search

Голема акција за чистење на дивите депонии во Аеродром

Во Аеродром од денеска стартува големата еко-акција за чистење на дивите депонии во општината, во соработка со Град Скопје и неговите јавни претпријатија.

Според предвидената динамика, акцијата ќе ја опфати целата територија на општината. Конкретно ќе се исчистат 62 мини депонии, ќе се уредат 22 зелени површини и ќе се санираат дупки на 6 улици, кои се под ингеренција на Град Скопје.

Во акцијата ќе бидат вклучени од 1.000 до 1.500 лица, а добредојдени ќе бидат и волонтери со висока еколошка свест, потенцираат од општината.

Оваа акција претставува симболичен почеток на реализација на стратегијата на Општина Аеродром, како локална самоуправа, за целосно чистење на дивите депонии на нејзината територија.

По завршувањето на еко-акцијата, ќе се продолжи со расчистување и уредување на сите локации, како и со тековното одржување на јавните површини, наведуваат од општината.

Треба да знаете
Последни објави