Search

Гога Секулиќ брутално искрена за изгледот на Карлеуша

Гога Секулиќ брутално искрена за изгледот на Карлеуша

Пејачката Гога Секулиќ не припаѓа во групата на жени кои ги кријат своите килограми и се срамат од истите.

Таа без никаков проблем признава дека се има здебелено и дека има целулит, како што вели тоа е проблем на секоја жена и воошто не се оптеретува околу тоа.

– Јас многу вежбав, не за да изгледам добро туку пред се поради себе и своето здравје. Поради тоа што често доаѓав во Белград, стрес, по 5 пати месечно летови бев поправена, се здебелив неколку килограми, но поради тоа што некои новинари напишаа “Гога има целулит”, јас воошто не се нервирам, бидејќи видов дека тоа сега е модерно дури некои колешки и го форсираат целулитот.

Гога го прокоментирала и изгледот на својата колешка Јелена Карлешуа, па го рекла следното:

– Таа изгледаше топ, денес има повеќе килограми. Дури ми се чини дека кажа дека ја боли уво што има целулит. Па која жена нема целулит? – рекла пејачката подржувајќи ја колешката со која не разговара речиси 15 години.

– Јас имав период во 2006. кога немав точка целулит. Спиење во 11, станување во 7, два тренинга дневно, здрава исхрана. Нема шампањ, вино, алкохол. Оваа наша работа е многу стресна. Ќе почнам пак да тренирам. Мојот дечко е воодушевен од мојот изглед, но му смета што неколку килограми се имам поправено – искрено кажала Гога за Телеграф.

 

 

Треба да знаете
Последни објави