February 16, 2019 12:55
Живот

Го кремирале, по седум месеци жив и здрав им се појавил на врата

Човек од Тајланд, кој наводно починал пред седум месеци, се вратил дома како ништо да не се случило.

Од фамилијата верувале дека Сакорн Сачива (44) починал од болест која му ги зафатила органите за варење. Тие го идентификувале и телото, а подоцна и го кремирале.

Меѓутоа, не можеле да им веруваат на очите кога Сакорн се појавил пред вратата на нивната куќа.

Како што се наведува, пред седум месеци, полицијата ги известила роднините дека Сакорн е починат во изнајмен стан каде живеел сам и дека е потребно да го идентификуваат.

Телото било отечено и непрепознатливо, но полицијата сепак му дозволила да го земат и да го кремираат.

Кога Сакрон се вратил дома, роднините мислеле дека гледаат дух.

Имено, тој работел на некој рибарски брод, но дознал дека роднините сметаат дека е мртов, па решил да ги изненади и да се врати.

Related posts

Овој тинејџер боледува од ретка болест: Ќе умре оној момент кога ќе заспие!

24news

5 причини зошто мора почесто да јадете круши

24info

Англиски фармацевт со кеса си ја задавил сопругата и избегал со љубовникот

24news