Search

Ѓуриќ: Приштина има рок од три недели за формирање на ЗСО

Ѓуриќ: Приштина има рок од три недели за формирање на ЗСО

Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ денеска изјави доколку Приштина во рок од три недели не направи ништо за формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО), тогаш преставниците на Србите од Косово сами ќа започнат со создавањето на ЗСО за што имаат поддршка од Владата на Србија.

– Србија е определена за мир и ќе го чува мирот и затоа ја подржуваме Српската листа да ја формира ЗСО, бидејќи тоа е во согласност со домашното и меѓународното право, како и со Бриселскиот договор, изјави ѓуриќ на прес-конференција во Белград.

Запрашан на кој начин ќе функционира Заедницата доколку Приштина не се согласи на нејзиното формирање, Ѓуриќ одговори дека со посредство на ЕУ е постигнат договор за нејзино формирање, за што „потписи ставила и меѓународната заедница“.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, тој додаде дека очекува наместо заканите со војна, Приштина да им овозможи на Србите во наредните три недели да започнат со работа на формирањето и изработката на статутот на ЗСО.

По повод заканите од Приштина за апсењета доколку дојде до формирање на ЗСО без соглсност на косовските власти, Ѓуриќ изјави деке тие треба да „се уапсат самите“ имајќи предвид дека веќе пет години не го спроведуваат договорот и не ја формираа Заедницата.

Тој ги оцени синоќешните раговори на српскиот претседател Александар Вучиќ со шефот на руската држава Владимир Путин и со меѓународните дипломати, како охрабрување за Србите на Косово, но и дека Србија не е осамена во обидите за зачувувањето на мирот и почитувањето на договорот.

Србија го подржува воспоставувањето на ЗСО, како што е предвидено со Бриселскиот договор, а не како што „тоа го замислуваат албанските политичари и медиуми со споменувањето на одлуките на Уставниот суд“, додаде Ѓуриќ.

– Единствена можна форма е онаа што е предвидена со Бриселскиот договор. Но, тие со одлуката на Уставниот суд поништија 22 од 23 точки на принципите за воспоставувањето на ЗСО и таквото формирање нема да биде можно. нагласи Ѓуриќ, споделувајќи го ставот на српскиот претседател, според кој, „албанските политичари не се сериозни во намерата за воспоставувањето“ на Заедницата.

Тој го оцени како цинично соопштението на ОБСЕ за случувањата во понеделникот во Косовска Митровица и неговото приведување, во кое е упатен повик на Организацијата до Белград и Приштина да се воздржат од провокации.

– Еве се извинувам што ме тепаа, што ме шутираа, што ме влечеа низ Приштина, изјави Ѓуриќ, коментирајќи го соопштението на ОБСЕ.

Тој повтори дека Белград сака до дојде до решение по мирен пат, но и дека треба да се знае оти Србија во секој поглед ќе ги штити интересите на српскиот народ.

Ѓуриќ соопшти дека вчера во Пеќ „униформирани лица“ уапсиле новинари на РТС и неколку правници и дека ги пуштиле по пет часа притвор и по интервенцијата на Белград. 

Треба да знаете
Последни објави