Search

Германското обвинителство бара екстрадиција на Пучдемон во Шпанија

Генералното обвинителство на германската покраина Шлезвиг-Холштајн побара од судот да дозволи екстрадиција на поранешниот каталонски лидер Карлес Пучдемон во Шпанија.

Обвинителството во Шлезвиг изјави дека поднело барање до регионалниот суд по интензивната проверка на европската потерница за Пучдемон издадена од Шпанија.

Шпанското судство го товари Пучдемон за побуна во врска со прогласувањето независност на Каталонија.

Пучдемон беше уапсен во Германија на 25 март и оттогаш е во притвор во Нојминстер.

Треба да знаете
Последни објави