Search

Генералниот секретар на НАТО ги повика Скопје и Атина да бидат пофлексибилни

Генералниот секретар на НАТО ги повика Скопје и Атина да бидат пофлексибилни

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска повика на флексибилност во преговорите за името на Македонија.

„Ќе бидам многу внимателен да не шпекулирам за можното решение. Јасно е дека за ова се решава во последниве 25 години од 1995-та и медијаторот на ОН работи на ова многу години. Се надевам дека наскоро ќе се најде решение за името, што ќе го реши проблемот што постои долго меѓу поранешната југословенска Република Македонија и Грција, и конечно БЈРМ да стане членка на Алијансата. Затоа ги охрабрувам двете страни да бидат флексибилни и да најдат решение. Ова го разговарав овде и со грчкиот министер за одбрана“, изјави Столтенберг.

НАТО одлучи во 2008-та на Самитот во Букурешт дека ќе ја покани поранешната југословенска Република Македонија да стане членка штом ќе биде решено прашањето за името на заемно прифатлив начин.

 

Треба да знаете
Последни објави