February 23, 2019 08:29
Општини

Физички нападнат социјален работник во гостиварскиот центар

Физички нападнат социјален работник во гостиварскиот центар

Социјален работник од гостиварскиот центар за социјални работи, вчера бил физички нападнат на работното место од жител на селото Леуново.

Според СВР Тетово, нападот се случил вчера околу 11 часот кога Р.Т. (61) додека се движел низ ходникот на центарот му се доближил Д.Ѓ. (19) од Леуново, почнал да му вика, да му се заканува и потоа физички го нападнал, удирајќи го со тупаници по грбот и телото. Набрзо се вмешале други вработени во Центарот и го спречиле Д.Ѓ. да продолжи со нападот, по што лишен е од слобода за расчистување на случајот и против него ќе следува соодветен поднесок.

Напаѓачот и претходно е пријавуван за насилно однесување, а против него како малолетник се поднесени повеќе пријави во изминатиот период

Related posts

Сменете го директорот на ОУ“ Димитар Влахов“ да не натепа уште некој ученик

admin

Проблеми со реконструкцијата на охридската болница „Св. Еразмо“

24news

Општина Бутел избра најубаво украсен двор

24info