Search

#FITR CLASSROOM вебинар со Марвин Лиао: Фокусирајте се на вашите клиенти допрва ќе се отвораат многу можности

Во рамките на новата иницијатива на ФИТР наречена #FITR CLASSROOM, еден од најеминентните ангел инвеститори во Силиконската долина Марвин Лиао, ги советуваше македонските стартапџии за тактиките, процесите и системите за ефективен влезен маркетинг и продажба, на првиот вебинар кој се одржа вчера.

Како што соопшти ФИТР денеска, Лиао, кој зад себе има дводецениско искуство во вложувања во ризичен капитал, технолошки бизниси и стартапи, посочи дека компаниите низ целиот свет минуваат низ тежок период предизвикан од пандемијата со ковид 19, но дека новонастаната ситуација отвора нови можности. 

– Фокусирајте се на вашите клиенти, бидејќи допрва ќе се отвораат многу можности, регионално и глобално, затоа што буквално се се менува оваа година. Сменето е однесувањето на клиентите, навиките на купувачите, однесувањето на големите компании-купувачи односно во начинот на кој работат компаниите има фунадментални промени на сите нивоа. Сето ова значи дека не очекуваат големи можности и затоа ве охрабрувам иако во моментов изгледа тешко, да се адаптирате и борите да го надминете периодов, порача Марк Лиао.

На интерактивната онлајн средба, стои во соопштението, учесниците имаа можност да слушнат и за техники кои помагаат за бизнисите да се позиционираат и растат побрзо, особено стартапите.

Директорот на Фонд за иновации и технолошки развој Коста Петров, на вебинарот најави имплементирање долгорочна стратегија за инвестирање во претприемачите и македонскиот стартап сектор преку споделување знаење и научени лекции од светски експерти. Ова, како што наведуваат од ФИТР, е само првата од повеќето иницијативи во следниот период со кои Фондот ќе инвестира во знаењето на македонските претприемачи и стартап заедницата, како придонес за нивен раст и дополнителен развој.

Следниот вебинар е закажан за 9 декември 2020 во 19 часот, на тема “Брендирање на вработените”, т.е. Employee branding со Серџан Шимшек Арнаутовиќ кој е регрутер за Среден Исток, Турција, АфрикаЦентрална и Источна Европа во „Фејсбук”. Вебинарите се бесплатни и достапни преку платформата Зум (ZOOM) и ќе се одржуваат два пати месечно со светски познати експерти од различни компании. 

Треба да знаете
Последни објави