Економија

„Finance Think”: Сивата економија во 2020 година намалена во однос на 2006 година

Сивата економија во 2020 година е намалена во однос на 2006 година, а најголемите намалувања се случиле за време на финансиската криза во 2009 година и по воведувањето на минималната плата во 2012 година, покажува најновото истражување направено од Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think”.

Според наодите од истражувањето, во 2020 година уделот на сивата економија во БДП бил  23,2 проценти за разлика од 2006 година кога изнесуваше 31,6 проценти.

Забележливо е дека од 2013 година, уделот на сивата економија во БДП стагнира, а во пандемиската 2020 благо се влошува, што според „Finance Think”, е поради тоа што формалниот БДП доживел поголем пад во однос на неформалниот БДП.

Анализата вклучува две групи фактори со потенцијално значење за сивата економија и тоа даночните политики и политиката на минимална плата.

Во делот на даноците, констатацијата е дека каква и да било потенцијална реформа на директните даноци, првенствено на даноците на трудот, негативно ќе се одрази врз сивата економија доколку не е придружувана со зајакнати капацитети на даночните власти за прибирање на даноците и јакнење на даночниот морал кај населението.

Во делот за минималната плата, оценката е дека нејзиното воведување во 2012 година придонело за намалување на сивата економија, но анализата покажува дека зголемувањето на уделот на минималната плата во просечната ја стимулира неформалната економија. Препораката е дека неопходно е минималната плата да расте во согласност со продуктивноста на трудот, со паралелно јакнење на капацитетите за спроведување на регулативата во сферата на работните односи.

– Генерално, наодите укажуваат дека е неопходно дизајнирање политики за зголемување на продуктивноста на долг рок, и тоа преку создавање и стимулирање домашен конкурентен пазар преку релаксирање на регулативата и либерализација на трговијата, преку зголемување на квалификуваноста на работната сила преку реформирање на образовниот систем, преку насочување на средства кон истражување и развој, и преку зголемување на ефикасноста на јавната администрација за да се намали товарот врз приватниот сектор, велат од „Finance Think”.

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

stream anime online AnimeHeaven SK8 the Infinity

watch anime online AnimeHeaven Attack on Titan Final Season Part 2

AnimeHeaven Attack on Titan Final Season Part 2

AnimeHeaven Seirei Gensouki: Spirit Chronicles

AnimeHeaven Boruto: Naruto Next Generations

tải go88