Search

Федерер стана најплатен спортист на светот

Швајцарецот во Лондон стана најплатен спортист и го симна голферот Тајгер Вудс од првото место.

Ако се сметаат само парите заработени од спорт, 36-годишниот Роџер Федерер од вчера официјално е на првото место на листата на „Forbes“.

Со победата над Александар Зверев ја заокружи својата заработка во тенисот на 110,2 милиони долари.

Американскиот голфер Вуд беше лидер на листата на угледното списание со 110,06 милиони долари, но освојувачот на дури 95 турнири го престигна, и тоа „на залезот“ на кариерата што ја почна во 1998 година.

Во продолжението на завршниот мастерс Федерер ќе има шанса дополнително да ја зголеми паричната предност во однос на Вудс.

Следниот меч го игра утре против Марин Чилиќ.

Швајцарецот моментално е втор најдобар тенисер на светот, а во 2017 година освои седум турнири, меѓу кои Австралија Опен, Индијан Велс и Вимблдон.

 

Треба да знаете
Последни објави