Search

Евакуација на метро станица во Лондон

Очевидци тврдат дека луѓето панично бегаат од местото на настанот.

Една од најфреквентните метро станици во Лондон е евакуирана, откако беше пријавен инцидент. На местото на настанот се присутни вооружени полицајци, кои ја пребаруваат метро станицата.

Кон местото на настанот се упатени и возила на брза помош и противпожарни возила. На метро станицата каде се случил инцидентот не запираат возовите. Полицијата соопшти дека е затворена и улицата „Бонд“.

Очевидци тврдат дека луѓето панично бегаат од местото на настанот. Полицијата побарала од луѓето да влезат во блиските кафулиња и продавници и да останат таму.

Корисник на Твитер напиша дека луѓето бегаат од станицата „Оксфорд Сркс“ и извикувале „бомба“.

Друга корисничка на Твитер, Чи Чи, напиша дека е затворена во соблекувална во продавница на „Зара“ додека „ситуацијата не биде ставена под контрола“. Таа напиша дека луѓе панично трчаат и влегуваат во продавницата.

Лондонската метро станица е „срцето“ на шопинг центарот на Лондон и е секогаш е полна со луѓе, посебно денеска, на „Црн петок“. 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави