Search

ЕУ со план за намалување на користењето на флаширана вода

 

Европската унија планира да го промени правилникот за квалитет на водата за да спречи нови можности за опасност по здравјето и го ограничи пластичниот отпад. Планот на ЕУ е да ги одврати луѓето од пиење флаширана вода.

Европската комисија соопшти дека новите правила ќе ги обврзат 28те земји членки да го подобрат пристапот до вода за пиење и подобро да ги информираат граѓаните за квалитетот на водата, пренесува АП.

Со овој потег се очекува да се зголеми довербата во водата за пиење од чешма и да се одвикнат луѓето од флаширана вода, бидејќи пластичките шишиња за вода се најброен пример предмети за еднократна употреба на европските плажи.

Цената на водата од чешма изнесува околу 0,2 евра по литар, што е многу поевтино од флаширана вода, а потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс изјави дека доколку луѓето знаат што е поевитно и дека со тоа не го ризикуваат своето здравје, ќе донесат поинаков избор.

Треба да знаете
Последни објави