August 23, 2019 17:55
Фудбал

Елиф Елмас е најдобриот млад фудбалер во Македонија

Најголемиот македонски фудбалски талент, Елиф Елмас, официјално е прогласен за најдобар млад фудбалер во Македонија за изминатата сезона.

Македонскиот фудбалски бисер доби признание од директорот на Агенцијата за млади и спорт за своите игри во дресот на Работнички минатата сезона, по што се избори за деби во сениорската репрезентација, а потоа и со одлични игри на ЕП до 21 година да направи трансфер во Фенербахче.

„Навистина сум среќен што ја добив оваа награда и што сум прогласен за најдобар меѓу младите. Сакам да им се заблагодарам на сите оние кои ми даваа поддршка во изминатиот период. Благодарен сум на сите кои беа со мене, на соиграчите од националниот тим, како и на ФФМ за оваа престижна награда“, изјави младиот Елмас

За најдобар стрелец во младинскиот фудбал во Македонија е прогласен Александар Мишов од Академија Пандев, најдобар клуб во младинскиот фудбал е Работнички кој е познат по големиот број таленти кои ги извади на фудбалската мапа, а за најдобар тренер во младинска конкуренција е прогласен Горан Станковски токму од Работнички.

Кога станува збор за женскиот фудбал, за најдобра фудбалерка беше прогласена Илза Максути, за најдобар стрелец во женскиот фудбал е прогласена Ленче Андреевска која минатата сезона постигна 22 гола, додека наградата за најдобар тренер ја доби Кирил Изов кој со екипата на Истатов ја освои двојната круна во Македонија.

Нови вести

Балотели е нов фудбалер на Бреша

24info

Утре ќе биде позната судбината на Дибала

24info

Најголемите разочарувања од Серија А во Премиер

24info