Search

Екс-директорот на Нефрологија ќе се појави во судот за примање поткуп

Екс-директорот на Нефрологија ќе се појави во судот за примање поткуп

Денеска започнува судењето против Александар Чапаровски, поранешнен директор на Клиниката за неврохирургија во Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“, кој се сомничи за противправно стекнување и прикривање имот.

Чапаровски во мај, минатата година, беше уапсен по пријава од родител на малолетно дете на кого директорот, во својство на лекар, му барал илјада евра за издавање потврда со која детето требало да замине на лекување во странство. Тогаш беше извршен претрес во неговата работна канцеларија, пришто беа пронајдени и одземени вкупно 24.890 евра, 4.477 американски долари, 2.250 швајцарски франци, 65 австралиски долари, 170 хрватски куни, 60 бугарски лева и 4.700,00 денари, додека при извршен претрес во неговиот дом пронајдени се и одземени вкупно 9750 евра и 10.000 денари.

 

 

Треба да знаете
Последни објави