Search

Единаесет сообраќајки во Скопје, потешко повреден мотоциклист

Единаесет сообраќајки во Скопје, потешко повреден мотоциклист

Мотоциклист бил потешко повреден во една од вкупно 11 сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во шест сообраќајки полесно биле повредени седум лица, а во четири била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Осумдесет и двајца  возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, седум возачи поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи за неправилно престројување, како и четворица возачи за некористење заштитен шлем. Санкционирани биле и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.

Од сообраќај биле исклучени двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 11 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и четворица возачи почетници, како и 15 нерегистрирани возила. Затекнати биле 100 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранетo биле 68 возило.

Денеска Одделението за превенција при СВР Скопје во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативна работилница со учениците од второ одделение во ООУ „Владо Тасевски“, кое се наоѓа во општина Карпош.

Треба да знаете
Последни објави