Search

Eма Донев, младата научничка со македонско потекло сака да стане астрофизичарка, а сите ние можеме да и помогнеме во остварување на нејзините соништа

Македонското девојче во овој момент е во самата завршница само со натпреварувач од Северна Америка, а гласањето трае уште 2 дена!

Тинејџерските години се период на разни предизвици, но и на важни животни одлуки, како што е и одговор на прашањето “Што сакам да бидам кога ќе пораснам?“. Некои ја носат оваа одлука порано, некои покасно, додека Ема Донев знае што сака да стане уште одамна – астрофизичарка. Многумина ќе се сложат дека нејзината амбиција е невообичаена, а младата надеж за светската наука со своите 14 години има голема шанса да ја исполни својата најголема желба во која сите ние можеме да и помогнеме.

Ема, млада научничка со македонско потекло, е единствена натпреварувачка од континентална Европа која има можност да ја освои престижната наградаBreakthrough Junior Challenge. Оваа награда се доделува во рамки на годишен натпревар кој го стимулира креативното размислување за науката. Наменет е за средношколци на возраст од 13 до 18 години, а една од задачите е да се пријават со поднесување на видео во кое објаснуваат теоретски концепт од областа на науката, физиката или математиката. Доколку победи, Ема ќе освои стипендија за посакуваниот факултет во износ од 250 000 долари, како и реновирање на училиштето во кое учи во износ од 100 000 долари. Победничката или победникот на натпреварот ќе назначат и наставник кој бил инспирација и поттик за насочување кон науката, а наставникот ќе биде награден со дури 50 000 долари.

Во рамки на овогодинешниот натпревар, учество заземаа повеќе од 2.400 кандидати од целиот свет. Во полуфиналето се пласираа 30 учесници со своите видеа, одбрани од стручното жири, а меѓу нив е и Ема. Сите видеа се објавени на Фејсбук (Facebook) и ЈуТјуб (YouTube), а влез во финалето ќе добие оној кој собере најмногу “лајкови“ на објавените видеа – и на Facebook” и на YouTube”Финалето ќе се одржи во Сан Франциско, а во рамки на настанот познати светски научници ќе одберат победничка или победник.

Како можеме да и помогнеме на Ема во остварувањето на нејзините соништа?

 Едноставно – потребно е само да кликнете “Like“ на Фејсбук видеото:

https://fb.watch/fuDehIl7gf/, како и на ЈуТјуб видеото: https://www.youtube.com/watch?v=ynVnb8jExbQ, најдоцна до

20.09.2022 до крајот на денот. 

Ема во моментов е во напната завршница со младиот физичар Абел од Северна Америка, чиј број на гласови значајно расте од ден во ден, а со тоа темпо ќе го заземе првото место на кое моментално се наоѓа Ема. Затоа, тука сме ние да му помогнеме на ова македонско девојче да ги исполни своите соништа.

 

 

Повеќе информации за годишниот натпревар можете да дознаете на: https://breakthroughjuniorchallenge.org/

Треба да знаете
Последни објави