Search

Eвростат: Романците и Литванците со најмногу издатоци за храна и безалкохолни пијалоци

Во 2018 година домаќинствата во Европската унија потрошиле повеќе од една милијарда евра (1.047 мрд. евра) на „храна и безалкохолни пијалоци”.   Тоа претставува 12 отсто од вкупните расходи за потрошувачка и се едни од најголемите давачки на домаќинствата во ЕУ по „вода, електрична енергија, гас и други горива”

Тие издатоци се 24 отсто  од трошоците на домаќинствата во претходната година, а транспортот учествуваше со 13 отсто од буџетот на домаќинствата.

Домаќинствата во Романија потрошиле околу една петтина од вкупните трошоци на домаќинствата за храна и безалкохолни пијалоци. Следуваат Литванците и Естонците кои најмногу потрошиле на храна и пијалоци.

Според Евростат, Литванија забележа најголемо намалување на трошоците за храна, додека најголемо зголемување има во Чешката Република и Словачка.

Помеѓу 2008 и 2018 година, уделот на вкупните расходи на домаќинствата за храна се намали или остана стабилен во повеќето земји-членки на ЕУ.

Најголемото намалување е забележано во Литванија, од 24 проценти од вкупните расходи на домаќинствата во 2008 година на 20 проценти во 2018 година. Слична статистика е забележана во Полска и Малта.

Спротивно на тоа, потрошувачката на домаќинствата за храна се зголеми во 10 земји-членки на ЕУ каде што се достапни податоци за 2018 година. Најголеми зголемувања се забележани во Чешка и Словачка, но и во Холандија и Унгарија.

Треба да знаете
Последни објави