January 21, 2022 20:47
Свет

Eксперти: Новиот сој на коронавирус „омикрон“ може да биде најава за крај на пандемијата

Новиот сој на коронавирус „омикрон“ е откриен во Јужна Африка а потоа следат се повеќе информации од оваа земја во кои се тврди дека овој вид предизвикува поблаги симптоми, како што се главоболки и замор.

Лекарите од тие области наведуваат и дека „омикрон“ не доведува до хоспитализација или смрт, па експертите почнуваат да го поставуваат прашањето – дали овој вид, од кој лекарите првично стравуваа поради големиот број на мутации, всушност може да ја спречи пандемијата.

Германскиот епидемиолог, професор Карл Лаутербах вели дека „омикрон“ всушност може да се покаже како божиќен подарок – под услов неговите последици да се навистина поблага клиничка слика и дека постои шанса да го забрза крајот на пандемијата која трае речиси две години.

Јужноафриканското медицинско здружение тврди дека вирусот предизвикува поблаги симптоми, како што се главоболки и замор, и дека досега не довел до хоспитализација или смрт.

„Големиот број на мутации можат да значат дека вирусот ја оптимизирал својата инфективност и може да биде помалку смртоносен. Тоа би било во согласност со начинот на кој се развиваат повеќето респираторни вируси“, вели Лаутербах.

Сепак, според него треба да се истакне дека просечната возраст на населението во Јужна Африка е значително пониска отколку во Европа, па тоа би можело да биде објаснување за помалиот број хоспитализирани.

„Се согласувам со него, тоа и самиот го кажувам. Ако тоа што ни го кажуваат лекарите од Јужна Африка е точно, тоа е знак дека се воспоставува рамнотежа помеѓу вирусот и човекот. И тоа може да биде крај на пандемијата, под услов, како што наведов, да се инфицираат помлади луѓе со благи симптоми“, вели хрватскиот инфектолог Бруно Баршиќ.

Вирологот Тања Јовановиќ, се уште е внимателна кога зборува за нови мутации на вирусот.

„Во овој момент никој не може да каже дека новиот сој „омикрон“ полесно се шири, ниту пак може да даде потешка клиничка слика. Видот пристигна од Јужна Африка, каде што се вакцинирани само 24 отсто од граѓаните. Да не заборавиме дека постои и бета варијанта на коронавирусот, која пристигнала од Африка, а се проширила во неколку земји низ светот и никаде не станала доминантна. Без оглед на новата мутација, мора да продолжиме да носиме маски и да се држиме на дистанца. Луѓето во Србија многу се опуштија и тоа е загрижувачко“, вели Јовановиќ во изјава за регионални медиуми.

animefreaks website. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita. Episode 1

animes online Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba

anime websites AnimeFreak My Hero Academia Season 4

AnimeFreak Attack on Titan Season 3

free anime online AnimeFreak Tokyo Revengers (Dub)