Search

Eдинствена Македонија: Учеството на војници од Албанија на вежба во Криволак за војување со Србија е тешка провокација

,,Марионетската влада на Зоран Заев на вчерашната владина седница донела одлука во рамките на воената вежба „Одлучен удар” во Криволак, меѓуостанатите војници на НАТО да има и војници од Република Албанија. Во заднина, оваа воена вежба на македонската армија со учество на војници и од Албанија, всушност има за цел обука и припрема за војување за интересите на Косово при евентуален судир меѓу Србија и Косово”, соопшти Единствена Македонија.

Според партијата, за жал, ,,Заев и министерката за одбарана Шеќеринска без никакви емоции всушност ги најавија првите жртви во војната со Русија оти на сите им е јасно дека при евенуалниот косовско-српски судир ќе следи замешување на Русија и НАТО”.

,,Војниците во Армијата на Република Македонија да бидат спокојни. Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе ја споречи оваа налудничава идеја на марионетската власт во Скопје и нема да дозволи македонски војници во рамките на НАТО да гинат за туѓи цели и да војуваат за албанските интереси против Србија и Русија.Единствена Македонија ќе го оствари историскиот стратешки сојуз со Русија, со што, за навек се обезбедува опстанокот и просперитетот на македонскиот народ и македонската држава”, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави