December 6, 2022 21:52
Свет

Eвростат: Во ЕУ значително поскапеa лебот, зеленчукот, месото, маслата…

Европскиот завод за статистика (Евростат) објави дека лебот во цела Европска унија никогаш не бил поскап како што е сега.

Евростат нагласи дека цените на храната нагло пораснале низ Унијата поради руската инвазија на Украина, која значително ги наруши глобалните пазари. Во соопштението за медиумите се потсетува дека Русија и Украина се главните извозници на житарки, маслодајни семиња и ѓубрива.

Како што информираат од таму, покрај лебот, поскапеле и зеленчукот и месото, а нагло поскапеле особено маслата и мастите за јадење.

Минатиот месец годишната стапка на инфлација во еврозоната изнесуваше 9,1 отсто, што е историски максимум, додека цената на лебот во ЕУ се зголеми за 18 отсто во однос на август 2021 година.

Најголем пораст на цените е забележан во Унгарија (66 отсто), потоа Литванија (33 отсто), Естонија и Словачка (32 отсто). На петто место е Хрватска каде е забележан раст на цените за 31 процент.

Во меѓувреме, најниска просечна стапка на промена на цените на лебот е забележана во Франција, Холандија и Луксембург.