Search

Двојка во Кичево фатена со кокаин, девојката ја фрлала дрогата на соседната зграда

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(34) од Кичево и Л.Ф.(24) од село Мамудовци, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неoвластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Полицијата извршила претрес на 12.03.2018 година во домот на двете пријавени лица во Кичево, каде двајцата живееат под наем.

На влезот во зградата од слобода е лишен А.А. кај кого се пронајдени 22 пакувања кокаин, додека при влегувањето во станот, неговата девојка Ф.Л. давала отпор и ги спречувала полициските службеници во вршењето на службени дејствија.

Ф.Л. исто така успеала на покривот од соседната зграда да исфрли повеќе пакувања со наркотична дрога кокаин кои подоцна биле обезбедени.

При извршен претрес во домот пронајдени се и 6.660 евра за кои постојат сомненија дека потекнуваат од продажба на наркотичната дрога кокаин.

 

 

Треба да знаете
Последни објави