Search

Две лица каснати од куче вчера во Скопје

54-годишната С.С од Скопје, вчера во Полициска станица Центар пријавила дека претходниот ден околу 14.30 часот на улица Јужен Булевар била нападната од куче скитник, кое ја каснало во пределот на левата надколеница.

Вчера околу 17.40 часот  на улица Тиранска 49- годишниот С.Ѓ од Скопје пријавил дека бил нападнат од куче од расата шарпланинец, при што бил изгризан по телото, поточно по стомакот, нозете и по раката.

По нападот С.Ѓ добил медицинска помош во Ургентниот центар во Скопје.  

Треба да знаете
Последни објави