Search

Дубаи го има и највисокиот хотел во светот

Дубаи го има и највисокиот хотел во светот

Емиратот Дубаи, кој константно брка светски рекорди во градби, сега е дом и на највисокиот хотел во светот.

Со 356 метри, на 75 ката, хотелот „Гевора“ стана највисок на Земјата, а официјално прима гости од 12 февруари.

Хотелот „Гевора“ се наоѓа на големата авенија на Шеикот Зајед, во близина на Меѓународниот финансиски центар на Дубаи, и е за само еден метар повисок од досега највисокиот хотел, кој се наоѓа на истата улица. Претходниот рекордер е хотелот со висина од 355 метри, од синџирот хотели „Мериот“.

Содржини

Најновиот хотел „Гевора“ е кула во златна боја, со пет ресторани во кои се нуди интернационална и локална кујна, базен, џакузи, луксузен спа-центар на 71-виот кат и сали за вежбање (посебно за мажи и за жени).

Во хотелот има 528 соби, од кои 232 се луксузни. Има 265 соби со една спална. Најмалата луксузна соба е со површина од 46 метри квадратни.

Луѓето од новиот хотел ветуваат дека во овој објект ќе се прикаже најдоброто од блискоисточната гостопримливост и ексклузивитет.

Панорамска глетка

Ресторанот кој е на највисоко ниво во хотелот „Гевора“ е лоциран на поткровјето, при што на гостите им се овозможува панорамска глетка на целиот град.

Во хотелот има шест лифта, кои работат со брзина од 26 километри на час. Овој објект содржи вкупно 3.859 скали.

Рекордите на Дубаи

Дубаи ја има и највисока кула на светот, „Бурџ Халифа“, висока 838 метри. Властите започнаа со изградба на нова, уште повисока кула, чија висина ја чуваат во тајност за да не ги претекне конкуренцијата.

Инаку, Дубаи е една од главните туристички дестинации на Заливот, а во 2017 година имаше рекорден број посетители – 15,8 милиони туристи, што е за 6,2 отсто повеќе од 2016 година.

Во Дубаи се надеваат дека до 2020 година на годишно ниво ќе имаат по 20 милиони туристи.

Што се однесува до хотелите, од 10-те највисоки хотели во светот, Дубаи е дом на седум од нив.

Освен хотелите „Гевора“ и тие од синџирот хотели „Мериот“, во Дубаи меѓу највисоките хотели се и „Роуз Рајан“, „Бурџ Ал Араб“ и други.
Овој хотел е трипати повисок од Биг Бен во Лондон, 56 метри повисок од Ајфеловата кула.

Проект е на „Ал атар пропертис“ и претставува 11-тата највисока кула на Блискиот Исток и 35-та по висина во светот. 

27164516_1730752763642477_7416233678195669357_o.jpg

Треба да знаете
Последни објави