Search

Драган Данев и Александар Велјановски нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Драган Данев и Александар Велјановски нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Се одржа втората редовна седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

На седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се дискутираше за актуелните политички случувања во државата, заостанувањето во реформската агенда, демократското назадување, влошувањето на економската состојба, како и за остварените посети на претседателот Христијан Мицковски во Европскиот парламент и САД, се вели во партиското соопштение.

На седницата се дискутираше за се поголемото стагнирање на македонската економија и за безидејноста на оваа власт да се справи со овој предизвик. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи да биде коректор на лошите економски политики, со свои сугестии и планови за подобрување на моменталната состојба.

Мицкоски ги запозна членовите на Централниот комитет за посетите во Европскиот парламент, САД, Унгарија и Балканските земји, Хрватска, Словенија и Србија. Тој истакна дека овие посети и средби со голем број на политичари биле со цел за да бидат запознаени поддржувачите на Македонија за состојбата во која се наоѓа државата.

Мицковски јасно и недвосмислено потенцираше дека своите соговорници во Брисел и Вашингтон, исто така Будимпешта, Загреб, Љубљана и Белград, ги запознал со случувањата во Република Македонија. Кршењето на човечките права и слободи од страна на сегашната власт, како и злоупотребата на институциите кои ги прави владата на СДСМ, прогонот и тортурата врз пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, уметници и неистомисленици на владејачката гарнитура и економското уназадување во изминативе 9 месеци биле нотирани од страна на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ при средбите. Претседателот на своите соговорници им сугерирал дека ВМРО-ДПМНЕ и понатаму со сите свои сили и можности ќе продолжи да се бори за правата и еднаквостите на граѓаните на Република Македонија, како и тоа дека ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи да чекори рамо до рамо со своите десничарски сестрински партии, во Европа, но и во светски рамки.

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, по предлог на Извршниот комитет донесе одлука за нови членови на Извршниот комитет да бидат избрани , Драган Данев, кој воедно е и нов координатор на пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија и Александар Велјановски, кој ја извршуваше функцијата претседател на општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ во Тетово, соопштуваат од партијата.

 

Треба да знаете
Последни објави