Search

Докторот откри: Трамп е здрав, но има еден голем проблем…

 

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп има сериозен проблем со прекумерната тежина, откри неговиот доктор.

Доктор Рони Џексон, доктор од Белата куќа кој што исто така му беше доктор и на поранешниот претседател Барак Обама изјави дека Доналд Трамп е целосно здрав, но му советува да внимава на исхраната и да започне да вежба.

„Тој има многу енергија и многу голема издржливост“, изјави Џексон за 71-годишниот претседател на Соединетите Американски Држави.

Претседателот Доналад Трамп е тежок 108 килограми и висок 190 сантиметри, изјави Џексон. Тоа го прави „голем“, односно човек со вишок на килограми според сите стандарди на односот меѓу висината и тежината.

Според Националниот институт за срце, бели дробови и крв, Доналд Трамп има индекс на телесна маса „БМИ“ од 30,3%, што го прави „пополнет“. Центарот за контрола на болести смета дека „БМИ“ од 29,9% е на самата граница, па Трамп треба да започне диета и да вежба.

После анализите за разни болести, како и тестовите за Алцхајмерова болест, според докторот Џексон, претседателот е здрав. Според оценките на докторите на тестовите, Трамп добил оцена 30/30, изјави Џексон и додаде дека немало „никакви индикации дека има некакви конгитивни проблеми“.

„Тој е многу бистар, посебно кога зборува“, изјави првиот доктор во Белата куќа, Рони Џексон.

Треба да знаете
Последни објави