Search

До среда дожд, од четврток пораст на температурите

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, на планините снег. Ќе дува умерен јужен ветер. Дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 6 до 12 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно со услови за слаб локален дожд и умерен југоисточен ветер. Температурите ќе се движат од 3 до 8 целзиусови степени.

Утре и во вторник ќе се задржи променливото облачно време со локални врнежи од дожд, на планините со снег. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. Потоа од среда следува период на стабилно и суво време, а од четврток значителен пораст на дневната температура.

Треба да знаете
Последни објави