Search

Џорџ Клуни откри како се запозна со сопругата Амал: “Мојот агент ја предвиде нашата заедничка иднина”

 

Познатиот глумец и холивудски заводник откри како тој и неговата сегашна сопруга се запознале. Во новата епизода од шоуто на Дејвид Летермен “My Next Guest Needs No Introduction” кое се емитува на Нетфликс, се појави Џорџ Клуни.

Клуни изјави дека Амал дошла во неговата куќа на езерото Комо заедно со нивен заеднички пријател во 2013 година. Меѓутоа, оној кој ја предвидел нивната иднина бил неговиот агент. 

“Му се јавив на мојот агент и тој ми рече “Ја запознав жената која дојде во твојата куќа. Ќе се ожениш со неа”. И навистина се случи тоа”, изјави Клуни.

“Во тој момент нѐ посетија и моите родители и едноставно започнавме да разговараме сите заедно. Подоцна ѝ ја побарав нејзината е-маил адреса за да ми ја прати фотографијата со моите родители. Така започнавме и да се допишуваме. Не знаев дали таа би сакала да излезе со мене, мислев дека бевме само пријатели”.

Холивудскиот заводник кој имаше изјавено дека никогаш нема да се ожени повторно откако со претходната сопруга доживеа сообраќајна несреќа, очигледно Амал успеа да му го освои срцето. Тие заедно имаат две деца и тоа близнаци.

Треба да знаете
Последни објави