Search

Џеко: Никогаш не сум ја видел Барселона толку да страда

 Босанскиот репрезентативец во дресот на Рома, Един Џеко кој постигна два гола против Барселона во дуелите од четвртфиналната пресметка во Лигата на шампионите, беше изненаден од очајното издание на противникот.

 

– Направивме многу голема работа, но мислам дека од нас може да се очекува уште подобро. Покажавме дека можеме да играме против секого, бидејќи Барселона е многу силен тим. И дадовме три гола, а можевме и повеќе. Никогаш не сум видел Барселона така да страда. Ние постојано вршевме притисок, уште од првата минута. Заслужено сме во полуфиналето, рече Џеко.

Рома синоќа ја победи Барселона со 3:0 и по вкупните 4:4 оди понатаму поради гол постигнат на гостински терен.

Треба да знаете
Последни објави