Search

Директор за свои потреби си земал месо наменето за Дом за стари лица во Прилеп

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против 56-годишниот прилепчанец Д.Р. за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, кое го направил како директор на Дом за стари лица.

Како што информираат од МВР, во периодот од 2009 до 2015 година, пријавениот како в.д. директор во Домот за стари лица ЈОУ „Киро Крстески Платник“, во договор со одговорните лица од претпријатието „Марфил“ Прилеп, подигнал поголеми количини на сувомеснати производи и месо за свои потреби, за кои приемот го потврдувал со потпис и примал фактури кои гласеле на име на Домот за стари лица.

На овој начин Д.Р. го оштетил Домот за стари лица за износ од 294.766 денари. Исто така, пред да биде разрешен од позицијата в.д. директор, тој побарал од одговорно лице во магацинот да сочини документација со која ќе го потврди приемот на производите наведени во споменатите фактури.

Треба да знаете
Последни објави