Search

Директор ги терал вработените да му работат на викендичката

Директор ги терал вработените да му работат на викендичката

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против И.А. (45) и М.П. (51), двајцата од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во временскиот период од 2015 до 2017 година, првопријавениот, како директор на Јавното претпријатие „Комуналец“–Кавадарци, и второпријавениот, како раководител на „Водовод и канализација“ при Јавното претпријатие „Комуналец“ – Кавадарци, им наредиле на дел од вработените во текот на работното време да извршуваат градежни работи на нивните приватни викендички.

На овој начин, по основ на исплатени бруто плати за ангажираните работници, го оштетиле Јавното претпријатие „Комуналец“- Кавадарци за 234.281 денари. 

 

Треба да знаете
Последни објави