Search

Денеска пресуда за Јордан Ристевски, обвинет за насилствата во општина Центар

Судот денеска треба да му ја изрече пресудата на обвинетиот Јордан Ристевски за насилствата во Општина Центар, а кој вчера ја призна вината.

Ристевски ја призна вината пред судијата и обвинителите од СЈО, а потоа одлучи да се застапува сам, без помош од адвокат.

„По минатото рочиште откако ги разгледав делата за кои сум обвинет, сакам да кажам дека го признавам стореното и чувствувам длабоко каење“, рече Ристевски вчера во судницата.

Обвинителката Фатиме Фетаи побара постапката за него да се раздвои и судењето за него да продолжи веднаш.

Претходно и Томислав Лазаров призна вина и беше осуден условно.

Треба да знаете
Последни објави