Search

Денес судот решава за пратениците

Шестмината пратеници осомничени за учество во насилствата во Собранието на 27 април денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд.

На пратениците Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Сашо Василевски, Крсто Муковски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски Собранието во петокот одлучи да им го одземе имунитетот. Судот денеска ќе почне да постапува по предлогот на обвинителството.

Шестемина пратеници се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.

 

 

Треба да знаете
Последни објави