Search

Денес средба на Иванов, Заев, Мицкоски и Ахмети на иста маса за името

Денес средба на Иванов, Заев, Мицкоски и Ахмети на иста маса за името

На иницијатива на Министерството за надворешни работи, во сабота, во просториите на Клуб на пратеници во Скопје, ќе се одржи координативен состанок.

На средбата на претставниците на државно-политичкиот врв ќе се разгледува иницијалната рамка за решавање на разликата околу името, која ја предложи личниот претставник на Генералниот секретар на ОН г-динот Метју Нимиц на 17 јануари во Њујорк.

На состанокот, предвиден да започне во 18 часот, ќе учествуваат: претседателот на Република Македонија г-дин Ѓорѓе Иванов, претседателот на Владата на Република Македонија г-дин Зоран Заев, министерот за надворешни работи на Република Македонија г-дин Никола Димитров, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Христијан Мицкоски и претседателот на ДУИ г-дин Али Ахмети.

 

Треба да знаете
Последни објави