Search

Денес ново судење за Кочан, во судница треба да се појави сведок

Во Основниот суд Скопје 1 за денес е најавено ново рочиште за случајот „Труст“ во кој првообвинет е бизнисменот Сеад Кочан.

На денешното рочиште во судница треба да сведочи управител на „Силекс неметали“. На минатото рочиште СЈО во судница дојде со 1.560 докази, а сведочеше и сопственикот на фирмата „Фичо сервис“ кој пред судот беше збунет и не знаеше да каже зошто има различни потписи на докуметацијата за соработката со фирмата „Трансмет “ на Сеад Кочан. 

Меѓу доказите, има и три прислушувани разговори од кои два се меѓу поранешниот директор на ЕЛЕМ Влатко Чинговски и поранешниот генераленн срекретар на Владата Кирил Божиновски водени на 6 октомври 2011 во два наврати. Ова се дел од необјавените разговори. Има и разговор помеѓу Чинговски и поранешниот премиер Никола Груевски воден на 3 август 2011 година. Овие разговори, според најавите на СЈО, наскоро ќе бидат пуштени во судница. 

Во „Труст” првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, а обвинети се уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет”, „Силекс” и „Вато” ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на ЕЛЕМ.

Според обвинителите на СЈО обвинетите Кочан, Авировиќ и Ватиќ, како и фирмите „Трансмет”, „Силекс неметали” и „Вато”, под превезот на успешен бизнис, со тешка измама, злоупоребиле приближно 1.060.000.000 денари, одосно 17 милиони евра, пари на граѓаните. Нивниот мотив, според него, бил на нечесен начин да се добие тендер на АД „ЕЛЕМ” и со фалсификувана документација, да се добие работниот ангажман. Според доказите СЈО ќе  докаже дека со куп невистинити документи, се погазени принципите на здравата конкуренција и се изиграни правилата на јавните набавки.

Треба да знаете
Последни објави