Search

Денес ново рочиште за случајот „Триста“

За денес во Основниот суд Скопје 1 е закажано судењето за случајот „Триста“ во кој СЈО го гони Ѓоко Поповски за нелегална набавка на 300 возила за потребите на МВР. Ова е последно од закажаните рочишта за предметите на СЈО за 2017 година. 

Рочиштата ќе продолжат во јануари кога дел од предметите ќе почнат од почеток поради новиот распоред на претседателот на судот, Иван Џолев кој неколкумина кривични судии ги распореди од јануари да судат прекршоци.

Случајот „Триста” се однесува на набавка на 300 возила за потребите на МВР, односно за оштетување на државниот буџет за 453.570 евра, а за што е обвинет Ѓоко Поповски, помошник-министер во Министерството за внатрешни работи. Поповски, според СЈО, тендерот за купување, сервисирање и за одржување на возилата им го доделил на фирми кои немале најевтина понуда.

Во овој случај во судница треба да се појават вештак и невролог кои треба да кажат дали Поповски, кој тврди дека е во лоша здравствена состојба може или не да го следи судскиот процес. 

Снимките од прислушуваните разговори се прифатени како докази и за овој случај на СЈО.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави