Search

Дел од корисниците во Карпош денеска ќе останат без вода

Дел од корисниците во Карпош денеска ќе останат без вода, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје.

„По добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација, ги информираме граѓаните дека денес, 2 декември, поради отстранување дефект на водоводна цевка на улица Козле бб кај црквата Св. Јован, од 9 часот, до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Козле, ул. Миле Поп Јорданов, ул. Стогово, ул. Јуриј Гагарин и дел од ул. Рузвелтова“, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави