Search

Comodita Home донираше душеци на Детска Клиника Козле! Со ова  почнува хуманата мисија на Comodita Home под слоганот „Секој сон е важен” во вредност од над 100 000 евра! 

Со донацијата на Детска Клиника Козле, Comodita Home ја започнува својата хумана акција на донации на над 1500 душеци, а донацијата е во вредност од над 100 000 евра!

Comodita Home е на пазарот на Македонија од 2019 година, а наскоро го отвораме дваесеттиот продажен салонПосебна гордост на брендот се токму душеците кои се сопствено производство на Comodita Home. Фабриката за производство на душеци на Comodita Homeе фабрика со еден од најголемите капацитети за производство во светот.

Со оглед на тоа дека располагаме со душеци, тестирани и сертифицирани од виско-стручни лаборатории, знаеме колку е важен добриот сон и дека тоа го заслужува секој од нас. Лицата со здравствени проблеми, возрасните граѓани, дечињата без родители, лица од социјално загрозените категории, но и сите останати, заслужуваат поддршка во остварување на нивните соништа, и секако убав и спокоен одмор. Токму под слоганот „Секој сон е важен”, Comodita Home ќе помага секаде каде што сме потребни.

Нашата стратегија за помош на здравствените институции внимателно ја подготвивме и ќе ја реализираме до крајот на годинава. Во план ни е да донираме над 1500 душеци во Детска клиника Козле, Кардиологија, Ковид центри низ МК, Геријатрија, СОС детско село, а оваа наша донација е со финансиска вредност од над 100 000 евра. Во соработка со Општините директно ќе ги помагаме и најзагрозените семејства. Донациите ќе се одвиваат на две недели, а по оваа денешна донација, ја најавувам како веќе потврдена и донацијата на  Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Со овој наш потег се радуваме дека ќе помогнеме на нашите сограѓани, а сметаме и дека нашиот хуман гест ќе биде поттик и за други компании да бидат општествено одговорни и да помагаат секоја во рамки на својот ресор на делување и своите можности. “истакна на конференцијата за печат Харитон Гаџоски.

Треба да знаете
Последни објави