Search

Чунг го елиминираше својот идол Ѓоковиќ!

Чунг го елиминираше својот идол Ѓоковиќ!

Хјеон Чунг испиша историја во Мелбурн и стана првиот тенисер од Јужна Кореја со пласман во четвртфинале на Грен слем откако со 3-0 во сетови го совлада Новак Ѓоковиќ

21 годишниот Хјеон Чунг ја воодушеви публиката во Меблурн со маестрална партија против шесткратниот шампион Новак Ѓоковиќ.

Тенисерот од Јужна Кореја по голема борба славеше со 3-0 во сетови, и со своите неверојатни перформанси ги освои симпатиите кај неутралните навивачи, кои на социјалните мрежи велат дека Хјеон Чунг денеска наликувал на Новак Ѓоковиќ од пред неколку години.

И тоа можеби не е чудно, бидејќи самиот Чунг по крајот на мечот призна дека идол му е токму Србинот.

„Не знам како успеав да го победам, едноставно сум многу среќен. Чест ми е да играм против Ноле. Се обидувам да го копирам бидејќи Ноле ми е идол” – рече Чунг по големиот успех.

Што се однесува до мечот, Чунг го отоври првиот сет со водство од 0-4, но Ѓоковиќ успеа да се опорави и да изедначи на 6-6. Сепак, Јужнокореанецот беше поуспешен во тај-брејкот и го доби со 4-7.

Слично беше и во вториот сет, Чунг имаше водство од 0-3, па Ѓоковиќ стигна до 5-5, за следните два гејма да му припаднат на тенисерот од Јужна Кореја за 5-7 во вториот сет.

Ѓоковиќ го отвори третиот сет со 1-0, но следните три гејма ги доби Чунг и Србинот одново беше принуден да го брка водството на противникот и да изедначи на 6-6. Во тај-брејкот Чунг остана смирен, го доби со 3-7 за големо славје и испишување на историја откако стана првиот тенисер од Јужна Кореја со настап во четвртфинале на Грен слен.

Следен противник на Хјеон Чунг ќе му биде Тенис Сандгрен од САД.

Треба да знаете
Последни објави