Search

China Mobile и Huawei заеднички го објавија новото 5G решение за повици

На 24 февруари 2021 година, успешно заврши VoLTE Pro самитот во рамките на MWC 2021 саемот во Шангај. На самитот, China Mobile и Huawei заедно го претставија новото 5G решение за повици, наречено 5G New Calling. Ова решение ја користи IMS архитектурата на каналот на податоци и пружа подобрено гласовно искуство со HD, визуелни и интерактивни услуги. Со користење на ова решение, операторите можат да го усовршат 5G искуството на услугите, да ги задоволат барањата на клиентите во индустријата, да стекнат предност и да постигнат деловен успех.

Во рамките на 5G, комуникацијата во реално време останува неопходна и воведува целосно нов тренд на развој. Најпрвин, VoLTE станува задолжително, а не опционално решение. Ова ќе донесе брз пораст на стапката на продирање на VoLTE и ќе ја стимулира соработката меѓу операторите. Покрај тоа, бидејќи VoLTE аудио и видео услугите стануваат полесни за пристап на 5G мрежите, развојот на IMS каналите на податоци ќе продолжи да зема замав.

Второ, 3GPP R16 има дефиниран проток на услуги што ги вклучуваат IMS каналите на податоци. За да го применат новото 5G решение за повици (5G New Calling), операторите треба само да го надградат IMS за ги поддржат IMS каналите на податоци. Овие канали и аудио-видео каналите се воспоставуваат истовремено. Било која содржина, од текстови, слики и видеа до информациите за локација и интеракција, може да се емитуваат преку IMS каналите на податоци. Ова ќе ја олесни иновацијата на услугите во иднина. Моментно, 5G New Calling решението се однесува на услуги, вклучувајќи ги Multimedia CLIP, визуелните менија, делење на екранот и обележување базирано на AR. Овие услуги го подобруваат индивидуалното корисничко искуство и се прилагодуваат на барањата на клиентите од различните индустрии.

Жанг Хао, заменик директор на Одделението за мрежи и ИТ технологија од Кинескиот мобилен институт за истражување, изјави: „5G New Calling решението ја користи архитектурата на IMS каналот за податоци и може да се примени на врвот на IMS мрежата. Решението нуди можност за China Mobile да изгради унифицирана платформа за говорни услуги и да го прошири своето портфолио на услуги. China Mobile се радува на соработката со повеќе индустриски партнери, за да го промовира развојот на новите 5G говорни услуги, да го отклучи потенцијалот на пазарот на гласовни услуги и да го поттикне развојот на индустријата”.

Жао Ју, претседател на CS&IMS доменот на Huawei Cloud Core Network производната линија, рече: „Среќни сме што работиме со China Mobile на новото 5G решение за повици. Со 5G, сите индустрии сега бараат подобро искуство на гласовните повици. Huawei со години го предводи VoLTE развојот и има акумулирано огромно искуство во пружањето на комуникациски услуги. Huawei не штеди напори да им помогне на операторите да воведат нови услуги, да го надградат корисничкото искуство и да истражат нови неоткриени пазари со 5G”.

Со текот на годините, Huawei целосно ги искористи своите технолошки предности во гласовната индустрија и е посветен на соработката со операторите и индустриските партнери, за да обезбеди напредно искуство на повици за глобалните корисници. До крајот на 2020 година, Huawei им помогна на глобалните оператори да изградат повеќе од 100 комерцијални VoLTE мрежи, обезбедувајќи услуги за HD видео повици за повеќе од милијарда корисници.

China Mobile и Huawei постигнаа клучен напредок во пилот-проектите со новотo 5G решение за повици. Во блиска иднина, 5G New Calling услугите ќе станат распространети, подобрувајќи ја комуникациската ефикасност и искуството во сите индустриски сектори.

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави