Search

Четворица Срби подготвувале голем грабеж во Турција, сите се уапсени

Четворица Срби подготвувале голем грабеж во Турција, сите се уапсени

Четири српски државјани се уапсени во Истанбул под сомневање дека планирале голем грабеж, објави денеска турскиот весник Хабертурк.

За време на претрес на паркинг на 21 февруари полицајците пронашле оружје со долга цевка и 25 шаржери за оружјето, како и четири рачни радија и ознаки за багаж што им припаѓале на српски државјани, според Хуриет.

Според ознаките на багажот тие ги идентификувале лицата, кои подоцна биле уапсени.

Бил сослушан и сопственикот на приватниот паркинг, кој рекол дека оружјето им припаѓало на четворица српски државјани што престојуваат во изнајмен стан недалеку од паркингот.

Полицијата извршила голем претрес во станот каде што наводно престојувале четворица српски државјани и запленила два токмаци, таблет компјутер, четири мобилни телефони, две лименки спреј во боја, четири ножа, чекан, два шрафцигери и два клуча за автомобил БМВ, кои наводно требало да бидат употребени во грабежот.

Полицијата ги идентификувала Србите според имињата напишани на багажот и кратко потоа сите биле фатени и уапсени.

Осомничените наводно влегле во Турција минатиот месец и се обвинети за планирање голем грабеж, по кој би се вратиле во Србија.

Танјуг телефонски го контактирал српскиот конзулат во Истанбул, од каде што рекле дека нема никој што би можел да каже нешто за овој случај.

Треба да знаете
Последни објави