Search

Целосна листа на извршниот комитет на ВМРО ДМПНЕ и нивните биографии

На денешната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ по предлог на претседателот на партијата  Христијан Мицкоски е изгласан новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Игор Јанушев:

Игор Јанушев е долгогодишен член на партијата уште од 1998 година, во ВМРО-ДПМНЕ се зачленува во родниот Велес, каде е и Секретар на УМС во периодот од 2000 до 2005 година. Од 2005 до 2009 година е и член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ. Од 2017 година е актуелен член на Комисијата заа градежништво, урбанизам и транспорт. Јанушев дипломира на Правниот факултет во Скопје, во 2002 година. Јанушев беше директор на ЈСП во период од 2015 до 2017 година, пред тоа работи во Министерството за Транспорт.

Митко Јанчев:

Митко Јанчев е актуелен градоначалник на Кавадарци. Тој е сопственик на фирмата Кожувчанка, која под својот производствен асортиман има голем број на алкохолни и безалкохолни пијалоци. Јанчев е познат донатор во хуманитарни цели. Член е на УО на Стопанската комора на Република Македонија. Јанчев е и голем финансиер на спортот во Кавадарци каде се јавува на листата донатори за бројните спортски клубови.

Александар Николоски:

Александар Николоски, магистрант на политички науки е долгогодишен пратеник во Собранието во Република Македонија. Николоски бил претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во период од 2004 до 2008 година. Во период од 2004 до 2013 е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Како член на извршното тело на партијата повторно доаѓа во 2017 година. Од 2009 година е член на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, а во 2014 година е избран за прв потпретседател на Мониторинг комитетот при Советот на Европа. Од 2015 година до денес Николоски ја извршува функцијата меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Владо Мисајловски:

Владо Мисајловски е поранешен министер за транспорт и врски. Мисајловски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и беше потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Пред да стане министер Мисајловски е Државен советник во министерството за надворешни работи, а истата фунцкија ја извршувал и во министерството за транспорт. Извесен период Мисајловски е и директор на ЈП Државни патишта.

Тони Михајловски:

Тони Михајловски е познат македонски актер и шоумен, дипломира на Драмскиот факултет во Скопје. Михајловски е добитник на голем број домашни и странски награди на фестивали. Тој остана запаметен во јавноста по неговите славни улоги во филмовите Буре Барут, Панкот не е мртов, Трето полувреме, До Балчак, а игра и во хит серијата Сенки над Балканот.

Трајко Славески:

Трајко Славески е професор на Економскиот факултет во Скопје. Своето образование Славески го стекнал на УКИМ, Харвард и Калифорнискиот државен универзитет. Славески е коавтор на 5 книги и бројни списанија од областа на економијата. Министер за финансии е во првата Влада на Никола Груевски, а на таа фунцкија останува до 2009 година. Професорот Славески е член на Одборот за акредитација и евалуација на образованието од 2015 до 2017 година.

Ане Лашкоска:

Таа е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во македонското Собрание. Родена е во Прилеп. По образование е инженер по хемија. Има дипломирано на ПМФ и е магистер по маркетинг-менаџмент на Економски факултет.

Кирил Пецаков:

Кирил Пецаков е актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид. Пецаков е дипломиран стоматолог и работи во Здравствениот дом во Охрид од 2014 година. Член е на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 година, а член на ИК  на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од 2008 до 2011 година. Претседател е на ОК на партијата во родниот Охрид од 2017 година функција која сеуште ја иззвршува.

Иван Јорданов:

Иван Јорданов е актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Штип. По занимање е дипломиран економист. Во партијата претходно ја извршувал и функцијата претседател на УМС на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Штип во период од 2012 до 2016 година. Член е на Советот на Општина Штип од 2013 година. Јорданов е член на ЦК на партијата од 2014 година, а од 2013 до 2016 година е и член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Има одлично познавање на англиски јазик, а посетил и голем број политички обуки во земјата и странство.

Златко Перински:

Златко Перински е долгогодипен член на ВМРО-ДПМНЕ. Од 2005 година е избран за член на републичка Комисија на УМС на ВМРО-ДПМНЕ за млади и спорт, претседател на МК Острово од 2005 до 2009, станува член на ОК Аеродром ви 2015, година во која е именуван и за Потсекретар на партијата, функција која ја извршува до именувањето за член на ИК во 2017 година. Перински остана запаметен во јавноста како директор на СЦ. Борис Трајковски, функција која ја извршуваше во период од 2014 до 2017 година. Пред тоа Перински работел во приватниот сектор.

Владимир Нелоски:

Владимир Нелоски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од 2013 година. Нелоски е дипломиран економист, а моментално е на постипломски студии на Правниот факултет во Скопје. Одлично говори англиски јазик, а посетил голем број на обуки и семинари во земјата и странство.

Силвана Ангелевска:

Силвана Ангелевска е професор на Техничкиот факултет во Битола. Ангелеска е член на ВМРО-ДПМНЕ од 2002 година. Таа ја извршува функцијатаа претседател на Советот на Општина Битола во период од 2012 до 2017 година. Член е на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ од 2013 година до денес. Ангелевска одлично зборува англиски и српски јазик.

Коце Трајановски:

Коце Трајановски, дипломиран машински инжинер, на Машинскиот факултет при УКИМ. Член е на ВМРО-ДПМНЕ од самото нејзино основање, од 1991  година. Трајановски својата работна кариера ја почнува во МЗ Тито. Пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е во период од 1998 до 2005 година. Во тој период е и претседател на ОК Гази Баба. Додека во Собранието од 2003 до 2005 година ја извршува функцијата Координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Во 2005 година е избран за градоначалник на скопската општина Гази Баба функција која ја извршува во период до 2009 година. Во 2009 година граѓаните на Скопје го избираат за градоначалник на главниот град, функција на која е избран и 2013 година. Градот го води до 2017 година. Од 2007 година до 2017 година е и Претседател на ЗЕЛС.

Дафина Стојаноска:

Дафина Стојановска е пратеник во Собранието на Република Македонија од 2014 година до денес. Стојаноска е дипломиран стоматолог, во периодот од 2001 до 2003 година е вработена во Здравствениот дом во Гостивар, а од 2001 година во приватна здравствена установа. Јовановска е претседател на ОИШ во Гостивар за предвремените парламентарни избори во 2016 година. Таа говори англиски, француски, албански и српски.

h

Даниела Рангелова:

Даниела Рангелова е актуелен претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ. Таа е пратеник во Собранието на Република Македонија од 2014 година, како пратеник е избрана по втор пат на изборите во 2016 година. Рангелова беше и советник во Советот на општина Центар во период од 2009 до 2014 година.

Проф. Др. Драги Димитриевски:

Драги Димитриевски е професор на Земјоделскиот факултет во Скопје при УКИМ. Димитриевски својата академска кариераа ја почнува уште далечната 1988 година, кога е избран за помлад асистент на Факултетот за Земјоделски науки и храна. Од тогаш до денес Димитриевски ги искачил сите нивоа и научни звања. Во период од 2003 до 2005 година е продекан за наука. Додека од 2009 до 2017 година во два мандати е избиран за Декан на факултетот. Димитриевски од својата научна област досега има објавено 85 научни и стручни трудови во земјата и странство. Раководел и учествувал во 16 домашни и мегународни научно-истражувачки проекти.

Цветан Трипуновски:

Цветан Трипуновски е дипломиран земјоделски инжинер. Трипуновски е долгогодишен партиски активист, а во периодот од 2003 до 2007 година ја извршува функцијата претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Петровец. Од 2009 година до денес е член на Републичката комисија за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2014 година е назначен за потсекретар на партијата. Во 2015 година Трипуновски е именуван за директор на Инспекторатот за земјоделие., функција која ја извршува до 2017 година.

Дејан Јовановски:

Дејан Јованоски е познат македонски кошаркар. Јовановски играл во голем број домашни и странски кошаркарски клубови, а својата кариера ја почнува во скопски Работнички, далечната 1991 година. Подоцна својата кариера ја продолжува во голем клубови во Турција, Швајцарија, Грција и Франција. Во 2012 година му се враќа на Работнички, но овој пат како спортски директор, за во 2015 година да стане директор на Спортската Академија. Јовановски е дипломиран правник, дипломира на правниот факултет при УКИМ.

Орце Ѓорѓиевски:

Орце Ѓорѓиевски е дипломиран политиколог, член е на Советот на Општина Кисела Вода од 2017 година. Ѓорѓиевски е член на ВМРО-ДПМНЕ од 2005 година. Претседател на ОК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода е од 2008 година, период од кога е и член на ЦК на партијата. Ѓорѓиевски е потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од 2015 година. Ѓорѓиевски е избран за претседател на ОК во Кисела Вода во 2017 година.

Димитар Димовски:

Димитар Димовски е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1991 година. Претседател е на ОК на УМС во Берово од 1991 до 1995 година. Член на Републичките комисии на ВМРО-ДПМНЕ е од 2005 година. Димовски бил координатот за последните три изборни циклуси за Гевгелија. Димовски е Државен Советник за градежно земјиште и урбанизам во Министерството за транспорт и врски.

Владимир Ѓорчев:

Владимир Ѓорчев е долгогодишен пратеник во Собранието на Република Македонија. Ѓорчев е член на ИК на партијата и мегународен секретар на истата неколку години наназад. Ѓорчев беше носител на листа на пратеници во изборната единица 6 за време на последните избори, пред тоа ја предводеше листата на партијата во изборната единица 3.

Доц. Игор Николов:

Игор Николов е доцент на медицинскиот факултет во Скопје на Универзитетската Клиника за нефрологија на медицинскиот факултет во Скопје. Николов е стипендист на француското здружение на нефролози. Николов е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 година, тој е Копретседател на Комисијата за здравство на партијата. Николов има сертификат за одлично познавање на француски, англиски и руски јазик. Николов е и член на ИО на Лекарската Комора на Македонија од 2013 до 2017 година.

Игор Божиновски

Игор Божиновски е правник од Куманово.Раководител е на Централниот регистар.

Дејанчо Ефтимов

Дајанчо Ефтимов по професија е дипломиран правник со положен правосуден испит. Досегашното работно искуство го стекнува како правник, а подоцна и како раководител во Јавната Установа Меѓуопштински Центар за социјални работи во Струмица. Ефтимов потоа работел и како раководител во Управата за имотно – правни работи односно Одделението за првостепена управна постапка во Струмица кое е во склоп на Министерството за финансии. Ефтимов од 2009 година е советник од редовите на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Василево, а од февруари 2015 година е и Претседател на Советот на Општина Василево. Тој воедно е и Претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Василево. Тој беше и пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ.

Костадин Богданов

Успешен и долгогодишен адвокат од Скопје


Бајрам Требишки

Поранешен директор на СОУ „Маврово-Ростуше“ во селото Ростуше.

Треба да знаете
Последни објави