Search

Буфон: За оваа одлука морате да имате канта за отпадоци наместо срце

Џанлуиџи Буфон, голманот на Јувентус, беше многу лут после поразот на неговата екипа од Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

 

„Старата дама“ го доби мечот во Мадрид со 3:1, меѓутоа тоа не беше доволно за да се пласира во следната рунда, бидејќи пред домашната публика загубија со 3:0.

Јувентус имаше активен резултат, водеа со 3:0 до судиското продолжение, но тогаш судијата Мајкл Оливер во 93 минута досуди сомнителен пенал за „Кралскиот клуб“.

„Знам што судијата мисли дека видел, но тоа беше многу сомнителна одлука. Како тим дадовме се, но едно човечко суштество ни ги уништи сништата со вака сомнителна одлука“, изјави Буфон.

„Очигледно е дека за да донесете ваква одлука морате да имате канта за отпадоци наместо срце. Ако немате карактер да излезете на овој стадион и на ваков меч, тогаш треба да останете на трибините со жената и децата, да пиете пијалак и да јадете чипс“, додаде разочараниот Буфон.

После досудениот пенал Буфон беше фуриозен и Оливер му додели црвен картон, веројатно поради упатени навреди кон судијата.

„Реал Мадрид заслужи да помине, им посакувам се најдобро и за мене е чест да играм против нив. Но, објективно заслуживме да одиме на продолженија. Не можете така да ги уништите сништата на еден тим. Му кажав се и сешто на судијата во тој момент, но тој мора да разбере каква катастрофа режираше“, изјави Буфон.

Во продолжение топката ја зема Роналдо, кој испрати силен удар кој заврши во мрежата на Јуве, со што мадридскиот клуб си обезбеди пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави