Search

Борут Пахор е старо-нов претседател на Словенија

Актуелниот претседател на Словенија, Борут Пахор победи во денешниот втор круг од претседателските избори и го освои својот втор претседателски мандат.

Пахор освои 53,02 отсто од гласовите, додека градоначалникот на Камник, Марјан Шарец имал 46,98 отсто, соопшти Државната изборна комисија на Словенија на преброени 98 отсто од гласовите.

Според податоците на комисијата, на изборите излегле нешто над 41 отсто од гласачите.

Марјан Шарец го призна порозот и му честиташе на Пахор за победата.

Пахор, кој има 53 години, е дипломиран политиколог и а долго време се занимава со политика. Тој бил пратеник во парламентот во повеќе мандати, како и негов претседател.

Треба да знаете
Последни објави