Search

Благоја Крстевски избран за полицаец на годината во Гази Баба

Полицаецот Благоја Крстевски е добитник на наградата за најдобар полицаец од ПС Гази Баба, што Општината традиционално ја доделува секоја година.

Градоначалникот на општината, Борис Георгиевски, му врачи на Крстевски награда од 20.000 денари.

Од Гази Баба информираат дека на овој начин Општината им се заблагодарува на сите вработени во полициската станица, а посебно на полицаецот кој покажал најдобри резултати во работењето во 2017 година.

„Воедно, ова е и начин да се поттикнат сите вработени во ПС Гази Баба да дадат максимум во реализацијата на своите професионални обврски, кои резултираат со вакви или слични награди и признанија“, велат од Општина Гази Баба.

Треба да знаете
Последни објави