Search

БЛАГОДАРНИЦА ДО БОГОЕВ ЗА ПОДДРШКА НА СТАРИТЕ ЛИЦА

Директорката на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“ – Скопје,  д-р Салија Љатиф, на денешната прослава по повод 59. патронат на Јавната здравствена установа, свечено му врачи благодарница на градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.

Првиот човек на Општината го доби ова признание за хуманата поддршка, која локалната самоуправа  континуирано ја обезбедува за своите сограѓани од „трето доба“, кои живеат во  Домот за стари и изнемоштени лица „Мајка Тереза“ во населбата Злокуќани.

  • Ние како општина, постојано се грижиме за нашите постари сограѓани кои живеат во здравствената установа која се наоѓа на наша територија. Во оваа пригода би сакал да ја најавам изградбата на новиот рекреативен центар за пензионери и на пензионерски дом. Со изградба на нов дом за нега во населбата Злокуќани, сакаме да обезбедиме соодветна грижа и достоинствен живот за пензионерите кои живеат во oпштина Карпош – истакна Богоев.

Градоначалникот на Карпош објасни дека објектот ќе биде облагороден со зеленило и паркови за рекреација, кој ќе нуди богати содржини за поттикнување на подобар социјален живот за старите лица.

Треба да знаете
Последни објави