Search

Бизнисменот при неговото денешно сведочење рече дека се сретнал со Чавков кога бил да го пријави Заев

Бизнисменот при неговото денешно сведочење рече дека се сретнал со Чавков кога бил да го пријави Заев

Бизнисменот Иван Николов Сачевслиев кога на 19 декември 2013 отишол во МВР во Скопје да пријави дека тогашниот градоначалник на Струмица Зоран Заев му барал поткуп, во ходниците на министерството го сретнал по Митко Чавков тогаш директор на БЈБ.

– Се пријавив на пријавница. Од таму двајца ме земаа и ме однесоа горе негде. Имаше една канцеларија со подотворена врата и го видов Чавков. Кога ме виде праша „Што Иво вие тука“? Тие двајца од МВР што беа со мене направија муабет со Чавков, не слушнав што му кажаа. Потоа Чавков им рече „Ова е најголемиот работник во Струмица“ и толку беше. Чекав да ме однесат во обвинителството- раскажа сведокот Николов.

Адвокатот на Заев, Филип Медарски, во испрашувањето на сведокот му постави неколку прашања за Чавков при што тој кажа дека го знае од 1993 кога имало разбојништво во неговиот дом, а Чавков отишол службено. Последно бизнисменот кој денес сведочи, се видел со Чавков лани во ноември кога Чавков и синот отишле кај бизнисменот во врска со понуда која Николов ја барал од градежната фирма на синот на Чавков. Прво се видел само со синот на Чавков да му каже какви понуди му требаат од градежни фирми, а при втората средба и Чавков отишол со син му.

Во неговото денешно сведочење тој даде и неколку конфузни искази. Денес рече дека Заев му барал поткуп од три евра за квадрат (по едни за Заев, едно за црквата, едно за партијата), но во исказот кој го дал во 2013 во предистрага бизнисменот рекол дека Заев ги побарал сите три евра за изградба на црквата. Адвокатот му го цитираше исказот од 2013 и го праша дали тој се потпишал на тој исказ.

Треба да знаете
Последни објави