Search

Без плунка, јазик и ненајавена голотија: Холивуд воведува нови правила за сцените со секс

Без плунка, јазик и ненајавена голотија: Холивуд воведува нови правила за сцените со секс

Скандалите со холивудскиот продуцент Харви Вајнстин како и движењето #MeToo доведоа до измени на правилата во врска со снимањето на сцените со секс.

Филмашите сега работат на новите правила на снимања на симулираниот секс за кој би требало да се дебатира наредната недела. Меѓу правилата би можело да се најде и забраната за разменување плунка при бакнувањето, како и забраната за користење јазик, освен ако со договорот не е поинаку нагласено.

Исто така, ќе се забрани барањето на голотија на аудициите, освен ако тоа не е порано најавено, а за да се осигурат до тоа да не дојде, актерите и актерките би требало да можат со себе на аудициите да поведат личност од доверба, како сведок. Се предлага и воведување на улогата „режисер на интимноста“, кој би осигурувал дека правилата се почитуваат, пишува британски „Сан“.

Повеќе ќе се инсистира на заштитата за гениталиите, кои и досега се користеа, но нивната примена не се надгледуваше.

Последните денови многу актерки проговорија за непријатностите кои ги доживеале на аудициите или во текот на снимањето на сцените, а сега Холивуд, се чини, се обидува да стави крај на тоа. 

Треба да знаете
Последни објави