Search

Бакрачевски: На оваа позиција нема да бидам најкорисен, но немам предрасуди за која било позиција

Поранешниот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачевски откако се врати на својата професија беше прераспределен на позиција раководител на Оддел за аритмии, која е пониска од неговата претходна – шеф на одделот за интервентна кардилологија.

Сепак тој во изјава вели дека нема предрасуди да извршува професионални обврски на која било позиција во институцијата.

-Јас знам каде е моето место, каде би бил најкорисен, најкомпетентен и од најголема помош за институцијата и пациентите. Други не мислат така, и тоа е нивно право. Но ќе повторам – тоа нема да го коментирам, изјави Бакрачевски.

Треба да знаете
Последни објави